Мени

Од утре ќе се пушта македонска музика

03.02.2017 11:55 | KumanovoNews

Tргната е забраната за јавно емитување македонска музика што беше воведена на 17 септември минатата година, соопшти Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП).

Од утре ќе се пушта македонска музика

Од утре сите радија и телевизии можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП.

Забраната е тргната затоа што завршиле законските рокови во кои требло да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП и со тоа се надминати сите опасности да се обезвредни авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава.

Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодари за подршката на трговските радиодифузни друштва кои докрај ја испочитуваа забраната, но и на здруженијата од Србија, Хрватска,Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои застанаа на негова страна и забранија емитување на авторски музички дела од нивниот репертоар  во земјава.