Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред точно педесет години и еден ден, на 22 март 1963, „Битлси“ го снимиле својот прв албум „Please Please Me“.
Плочата е снимена на брзина, за дискографската куќа да заработи некакви пари врз успехот на нивниот истоимен сингл, прв во низата песни, кои во наредните години ќе се искачуваат на топ-листите. НО како одело тоа ?- „Битлси“ го снимиле комплетниот албум за само 9 часа и 45 минути, а продуцентот Џорџ Мартин се надевал дека снимањето ќе трае и пократко.
„Twist and Shout“, обработка на песната на Берт Расел, била последната песна што ја снимиле. Песната е оставена за на крај, зашто продуцентот стравувал дека настинатиот Џон Ленон ќе остане без глас.
Снимањето на албумот чинело тогашни 400 британски фунти, што денес би изнесувало едвај 10.000 фунти. Секој член на „Битлси“ за снимање на албумот добил по 22,5 фунти.
Џорџ Мартин сакал „Битлсите“ за обвивката на албумот да се фотографираат пред инсектариум, но идејата ја одбила управата на лондонската Зоолошка градина. Заради штедење, сликани се на скалите на дискографската куќа.
Оригиналното издание на албумот е единствено на кое авторите на оригиналните песни се потпишани како Макартни - Ленон. Подоцна сите песни се потпишувани со Ленон - Макартни.
„Please Please Me“ не е објавен со Америја се' додека каталогот на „Битлси“ не е стандардизиран и објавен на цедето во 1987 година.
Албумот требало да биде наречен „Off the Beatle Track“, но називот е сменет во последен миг, поради успехот на истоимениот сингл.- Уводната песна на албумот „I Saw Her Standing There“, „Битлси“ ја напишале за тогашната тинејџерска сензација, Хелен Шапиро, но таа одбила да ја стави во својот репертоар.