Мени

Одличен концерт на Јелена Розга во Куманово

11.11.2013 16:24 | KumanovoNews

 Дож­дот го рас­и­па кон­цер­тот на хр­ват­ска­та поп-ѕвез­да Је­ле­на Роз­га на Град­ски­от плош­тад во Ку­ма­но­во, но не и рас­по­ло­же­ни­е­то на пуб­ли­ка­та, по по­вод Де­нот на ос­ло­бо­ду­ва­њето на гра­дот.

Одличен концерт на Јелена Розга во Куманово

Об­ле­че­на во цр­но ми­ни-здол­ниш­те и ко­же­на јак­на, згод­на­та и енер­гич­на Дал­ма­тин­ка не прес­та­на да иг­ра 2,5 часа на сце­на­та и да ко­му­ни­ци­ра со пуб­ли­ка­та.

Розга како голем професионалец даде се од себе концертот да остане за паметење, но признава дека е разочарана што лошото време и го расипа расположението и плановите.  

Жал ми е што паѓаше дожд, но концертот беше прекрасен. Публиката ги пееше со мене сите песни, а најдобро новите. Тоа многу ме развесели, бидејќи бевме еден голем хор. Во еден момент за малку ќе заплачев затоа што ме понесоа емоциите, поради публиката која одлично ме прифати, дојдоа и покрај дождот, носеа чадори и повеќето беа мокри, но останаа до крајот на концерот. Тоа е виша сила и не можеме ништо против времето. Но јас дадов се од себе и многу ми е драго што после 5 години сум повторно во Куманово.- изјави Розга по концертот.

 

Розга на градоначалникот му ја посвети песната „Пророк„, а тој на неа во своето обраќање и порача дека е најубавата жена на Балканот.

Тој е прекрасен човек и му благодарам на комплиментите. Го запознав пред 5 години и тогаш на концертот не ја отпејав песната Пророк. Тој на вечерата ми кажа дека му е омилена. Избрал прекрасна балада и затоа вечерва ја ставив на репертоар и му ја посветив нему.-  додава Розга.

Во вториот дел на концертот престана да паѓа дождот, па тогаш атмосфетара се запали и започна вистинска журка. На песните на групата Магазин играа сите, па публиката скаше уште и ја врати Розга на бис. Концертот траеше до полноќ, а имаше и голем огномет по повод Денот на ослободување на Куманово.