Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Легендарниот гитарист Влатко Стефановски и неговото трио, синоќа одржаа концерт на Градскиот плоштад во Куманово. Концертот траеше два часа, а беа изведени познатите преработки на македонски изворни песи и ора, џез нумерите од новиот албум, а заврши со познатите хитови од групата Леб и Сол.
Кумановци се специфични. Не знам како да ви објаснам, малку се на своја рака, ама во принцип се многу духовити луѓе и расположени за хумор, забава и музика. Пред малку бевме во еден ресторан и таму ми приредија феноменално добредојде. Така да вечерва морам да им возвратам со слична мера. Со големо задоволство и расположение ќе свириме пред кумановската публика - изјави Влатко пред концертот.
Во триото на Стефановски членуваат тапанарот Дино Милосављевиќ и бас гитаристот Ѓоко Максимовиќ. На концертот како специјалени гости беа Филип Стојановиќ на труба и Драган Грговски на саксафон, а како предгрупа настапи Боби Серафимовски со неговиот бенд.
Одличната атмосфера ја расипа дождот што паѓаше, но не ја поклеба најверната публика да остане до крајот на концерот.
Мораме да го победиме дождот, неможе да истрае повеќе од нас - викаше Влатко на публиката.
Влатко Стефановски е еден од основачките членови на групата Леб и Сол. Тој има снимено околу 20 албуми и ја претставува македонската култура и музика на многубројните концерти ширум светот.
Пред настапот на Стефановски граѓаните ги поздрави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој на културните работници во градот им додели награди и признанија за нивниот придонес во развојот на културата.