Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската поп група „Тропико бенд„, синоќа одржа концерт во Куманово, по повод Денот на ослободувањето на градот. На преполниот Градски плоштад, кумановци уживаа близу три часа во извонредниот вокал на фронтменот на групата Александар Цветковиќ.
Во публиката беа главно млади луѓе, кои во хор ги пееа сите нивни песни, како и поп и рок ју хитовите.
Публиката е феноменална, а вечера навистина беа прекрасни и ми дадоа многу енергија. Публиката пееше со нас од почетокот до крајот на концетот, ги знаеа сите наши песни, но и песните на нашите колеги. Јас лично сум презадоволен и пресреќен со публиката и целата организација. Не пееме за првпат во Куманово, сме доаѓале и порано, и пак ќе дојдеме, - изјави Александар Цветковиќ по концертот.
Присутните ги поздрав градоначалникот Зоран Дамјановски и почесниот граѓанин на Куманово Лоренс Батлер, по што следуваше спектакулерен огномет.
Вечерва со нас се сите наши пријатели и добронамерноци за да го прославиме големиот јубилеј на градот. Дозволете ми да ги поздравам гостите од регионот и да ви го честитам празникот, - рече Дамјановски.
Јас сум Американец, но и кумановец. Затоа дојдов заедно да празнуваме, - ги поздрави присутните Батлер.
Концертот заврши 30 минути по полноќ, а младите си заминаа презадоволни од настапот на групата. Како предгрупи на концертото настапија кумановските млади пејачи Евгенија Чанчалова и Мартинијан Кириловски.