×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одлично издание на првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“

    19.07.2019 11:37 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев", синоќа заврши првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово", кој се организираше по повод 500 години Куманово.

    Одлично издание на првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“

    Последната, трета вечер беше поделена во два дела. Во првиот дел настапија домаќините КУД „Панче Пешев“ и гостите од Србија, Босна, Бугарија и Колумбија, по што фестивалот го затвори националниот ансамбл „Танец", со едночасовна изведба.

    Фолклорот низ шарените бои, носиите, звуците и пеењето успеа да спои различни традиции и култури и да предизвика воодушевување на публиката. Големата сала на Центарот за култура беше претесна да ги прими сите заинтересирани.

    „Браво, сите сте како еден, одекнуваше од насмеаната публика. Одлично издание, браво за организаторите КУД „Панче Пешев“ и директорот Мирослав Крстевски. Толку многу е добро што трет ден по ред доаѓаме. Преголемата заинтересираност и посетеност, покажува дека на градот му недостасувало вакво нешто. Овој фестивал може да стане вистински бренд на Куманово“, - се дел од коментарите на публиката.

    Публиката во изминатите три дена уживаше и во дефилеата низ центарот на градот, а посебна атракција беа гостите од Колумбија.

    Фестивалот требаше да се оддржи на Градскиот плоштад, но поради временските услови се пресели во Центарот за култура.

    Фестивалот го организираше КУД „Панче Пешев“, со поддршка на Општина Куманово.