Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oркестарот „Уска Кан Кантуров„ од Берово е прогласен за најдобар оркестар на седмите по ред дувачки средби „Рома труба фест 2012„ што синоќа се одржаа на Градскиот плоштад Куманово. Титулата најдобар трубач ја освои Сергим Дурмишов од Штип.
На манифестацијата се натпреваруваа оркестрите „Агушеви Џамбо„ и „Млади Агушеви„ од Струмица, „Млади таленти„ од Штип, „Уска Кан Кантуров„ Берово и „Сергин Дурмишев„ од Штип.
Имаше силна конкуренција, но победија најдобрите. Секоја година фестивалот е се подобар и поорганизиран што е голем успех за нас. Верувам дека нашиот фестивал ќе прерасне во бренд каков што е Гуча во Србија. За тоа е заслужна нашата локална администрација и градоначалникот, кој ни дава несебична подршка- вели Самет Салиевски директор на фестивалот.
Фестивалот го отвори градоначалникот Зоран Дамјановски и посака уште многу успеси на полето на културата.
Во ревијалниот дел публиката го проследи настапот на оркестрите од Србија „Синиша Станковиќ„ од Загужане и „Небојша Сејдиќ„ од Бојник, а гости на вечерта беа пејачка Сузана Гавазова, Ферус Мустафов и Џамбо Агушев. Гавазова ја отпеа ромската химна „Џелем, Џелем„.
Рома труба фест го организира Ансамблот на народни ромски песни и игри „Рушит Шакир„, под покровителство на Општината Куманово и Министерството за култура.