Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Креаторите на хит серијата „Игра на престолот“ објавиле дека се приморани да го одложат почетокот на снимањето и емитувањето на новата, седма сезона, а сето тоа поради временски услови.
Тие изјавиле дека снимањето сеуште не е почнато бидејќи чекаат малку поладни, зимски денови.
Првите епизоди од досегашните шест сезони премиерно се прикажувани помеѓу 31-ви март и 24-ти април. Датум кога новата сезона ке стигне на малите екрани сеуште не е прецизиран, но креаторите велат дека фановите овој пат ке мора малку подолго да чекаат.
-На крајот на оваа сезона почна зима, што значи дека сончевото време повеќе не ни оди во прилог, па моравме сѐ да одложиме додека не стигне поладно време - рекол Дејвид Бениоф.
Тој потврдил и дека преостанатите две сезони ке бидат нешто пократки, и дека седмата сезона можеби ке има само седум епизоди.
Фото: www.cinemablend.com