Мени

„Оно мало среќе“ нов албум на Здравко Чолиќ

15.12.2017 20:02 | KumanovoNews

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ издаде нов албум под наслов „Оно мало среќе“.

„Оно мало среќе“ нов албум на Здравко Чолиќ

На албумот има 11 песни од авторите: Момчило Бајагиќ Бајага, Џибони, Златан Фазлиќ, Антонија Шола, Сандра Сагена, Александар Сретеновиќ, Дамир Арсланагиќ, Маја Сар и Мирослав Рус.

Продукцијата на албумот е со потпис на Никша Братош, долгогодишен соработник на Здравко Чолиќ.

Посебен придонес на албумот дадоа и гостите на истиот – Теодоси Спасов, светски познат кавалист, Матија Дедиќ, Дејан Петровиќ Биг Бенд и Александар Бањац.

Новото CD "Ono malo sreće", по којзнае кој пат ќе го потврди статусот на Здравко Чолиќ како миленик на публиката и волшебник од чија музичка работилница настануваат вечни хитови, безвременски песни, кои секогаш се проследени со долги и гласни аплаузи.

Линк од песната „Kuća puna naroda“, со која се најавува албумот:https://www.youtube.com/watch?v=aFSbfkc1SRY