Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сабота, Советот на Општина Куманово и градоначалникот Зоран Дамјановски организираат прослава за матурантите во Касапски круг.
За сите матуранти ќе има бесплатна пијачка, а ќе настапат повеќе беднови меѓу кои TOXIC MIND, EPTEN и диџеите Dj Djarto, Dj Bukaca, Dj Architech и Dj Nikifor. Забавата почнува во 20 часот. Присутните ќе можат на видео бим да го погледнат финалето во фудбал Баерн- Челзи- изјави Бисера Благојевиќ, портпарол на Општина Куманово.
Ваква заедничка прослава за матуранти се организира по петти пат и се очекува дека ќе дојдат 870 матуранти.