Мени

Орландо Блум и Миранда Кер се пред развод

25.07.2012 07:21 | KumanovoNews

Според натписите во австралиските медиуми, една од најпопуларните двојки во шоубизнисот, актерот Орландо Блум и манекенката Миранда Кер би можеле наскоро да се разведат.

Орландо Блум и Миранда Кер се пред развод

Тие наводно имале проблеми во бракот и неодамна биле фотографирани без венчалните прстени на раката. Нивни пријатели тврдат дека нивниот брак е на тенок мраз.

Миранда не ја носи својата бурма и тоа е само една од последицит еод проблемите кои ги имаат - изјавил близок пријател на двојката за таблоидот „Фејмоус“.

Сепак претстваничката на Кер ги демантирала овие гласини.

Апсолутно нема вистина во овие шпекулации и приказни - изјавила таа.