Орландо Блум во тепачка поради Миранда Кер
30.07.2014 10:13
| KumanovoNews
Поранешниот сопруг на манекенката Миранда Кер, актерот Орландо Блум го нападна Џастин Бибер во еден ноќен клуб, одкако пејачот објави фотографија од неговата поранешна сопруга на Инстаграм.

Бибер пред неколку дена на својот профил закачи фотографија од атрактивната манекенка со коменар „срце“.
Сепак тоа не му се премногу допаднало на Блум, па во еден ноќен клуб физички го нападнал, а според очевидци успејал и да го удри неколку пати.
На видеоснимката на медијската куќа ТМЗ, се гледа како обезбедувањето го раздвојува Блум од Бибер.