Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проблематичната Линдзи Лохан минатиот викенд го поминала забавувајќи се во куќа од која исчезнал накит вреден сто милиони долари, а полицијата токму во неа се сомнева за кражбата.
Актерката во вилата вредна милиони долари, пристигнала во придружба на нејзиниот помошник Гевин Дојл, братот Коу и двајца непознати момчиња.
Сопственикот на куќата вели дека, токму тие две момчиња со кои пристигнала 26 годишната Лохан, му украле неколку скапи часовници.
Полицијата е повикана во куќата веднаш штом сопственикот забележал дека му недостасуваат вредни работи.
Во текот на денешниот ден се очекува да се изјасни нејзиниот адвокат, а нејзиниот татко Мајкл побрзал да даде изјава за медиумите.
После разговорот со сопственикот на куќата утвредно е дека ништо не му недостига. Линдзи не е вмешана во никаква кражба и тој тоа го знае-изјавил Мајкл.
Актерката во февруари минатата година се соочи со истите обвиненија, поради кражба на ѓердан таа била обвинета на 120 дена затвор и 480 часа општествено користа работа.