Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“We’re looking for merchandise to shock, incapacitate and imprison our fellow man.” Paramount Pictures денеска го објави вториот трејлер за Pain & Gain, најновата акциска комедија на познатиот режисер Мајкл Беј (Bad Boys, The Rock, Transformers).
Судејќи по трејлерот, Беј има направено забавен. смешен и чуден филм, исполнет со акција. Марк Волберг, Двејн Џонсон и Ентони Маки се одлични во улогата на бодибилдери кои сакаат да киднапираат богат бизнисмен. Во филмот се појавува и Ребел Вилсон како “несоодветна” медицинска сестра, Кен Јеонг во улогата на богат и познат говорник и секогаш одличниот Ед Харис. Погледнете го трејлерот, во кој се појавуваат многу девојки во биники, џуџе и исечен прст:Филмот е базиран на вистинска приказна, а сценариото го напишаа Кристофер Маркус и Стивен МекФили.
Премиерата на Pain & Gain е закажана за 26-ти април.