Мени

Откажан утрешниот Икс Фактор

10.02.2014 08:59 | KumanovoNews

За сите оние кои со нетпрение го чекаат вторникот за да на сцената повторно се појават Даниел, Лукијан, Илма, Тамара и другите учесници сигурно ќе се разочараат поради пткажувањето на шоуто.

Откажан утрешниот Икс Фактор

Епидемијата од грип помеѓу натпреварувачите е причината заради која шоуто нема да може да биде одржано.

Значи, во вторник, наместо настапите на натпреварувачите во живо, сите гледачи на "X Factor Adria" ќе имаат шанса да го следат специјалното издание на шоуто, во рамките на кое што тие ќе можат подобро да се запознаат со сите натпреварувачи и, точно на половина пат до финалето, доколку досега беа неодлучни, конечно да го одберат и својот фаворит за победа.

Така, продукцијата најави дека поради грипот кој што ги зафати натпреварувачите и вработените кои се задолжени за ова шоу, емисијата која што требаше да се емитува на 11 февруари е и официјално откажана.