Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секојдневните психички и физички оптеретувања на организмот ги исцрпуваат неговите одбранбени способности, со што нашиот организам станува плодна почва за развивање на психолошки проблеми.
- Докторите велат дека, најпрво треба да одговорите на овие прашања за да видите колку стресот е застапен во вашиот живот:
1. Дали често се вознемирувате и без поголема причина?
2. Дали ве обземаат најразлични стравови?
3. Дали ве обзема чувство на тегобност?
4. Дали имате потешкотии со концентрацијата?
5. Дали сте премногу емотивни?
6. Дали ви се јавува засилено потење?
7. Дали имате забрзан пулс?
8. Дали чувствувате стегање на желудникот?
9. Дали имате проблеми со сонот?
10. Дали се будите изморени?
Доколку на поголем дел од овие прашања имате одговорено позитивно, тогаш стресот станал дел од вашиот живот. Побарајте стручна помош и научете да го контролирате стресот, пред тој да почне да ве контролира вас, велат докторите.