×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отстранете го стресот и оптовареноста

    24.07.2018 12:01 | KumanovoNews

    Најлесниот начин да се справите со стресос е пиењето, пушењето и прејадувањето.Сите овие краткотрајно го отстрануваат стресот, но имаат многу несакани ефекти.

    Отстранете го стресот и оптовареноста

    Подобро е да се има вентил, како што е запишувањето на причините на лист хартија да се фрли во казанчето во купатило и да се пушти вода или да се запали.

    Плачењето и разговорот со пријателот помага да се ослободите од стресот. Истренирајте ги умот и телото да можат да се опуштат. Ова може да се направи со опуштање на мускулите, дишење и опуштање на умот.

    Вежбањето ја користи насобраната енергија. Понекогаш брзото и енергично одење или џогирање ве ослободува од стресот.

    ДИШЕЊЕ: Длабоко бавно дишење помага да се одморите. Дишете 10-15 минути. Вдишувајте преку носот и издишувајте преку устата.

    ОПУШТАЊЕ НА МУСКУЛИТЕ: Почувствувајте го чувството на опуштеност по напрегање на мускулите. Почнете од горниот кон долниот дел од телото или обратно и потоа сменете го правецот. Ова најдобро се прави ако сте удобно легнати. Држете ги стиснати стапалата и прстите на нозете додека да изброите до 10, па опуштете се и почувствувајте ја опуштеноста. Повторете со зглобовите на глуждовите-истегнете напред-назад, ротирајте и опуштете се. Почувствувајте го чувството на опуштеност додека пропаѓате во креветот. Започнете со нозете, бутовите, колковите, задникот, стомакот (држење на стомакот навнатре и пропаѓање во креветот), грбот (со нагорно истегнување оддалечени од креветот), од рацете до рамениците, вратот и главата.

    Со опуштање на мускулите се намалува умствената и мускулната напнатост.

    ОПУШТАЊЕ НА УМОТ: Најдобро е ова да се направи по вежбите за дишење и опуштањето на мускулите, затоа што и тие водат кон понатамошна опуштеност. За да се доведе умот кој е во постојано движење, во состојба на опуштеност, важно е да се донесе до сегашниот момент под ваша контрола и да се одведе до мислите што ве опиштаат и смируваат. Да се биде во сегашниот момент, значи да се биде во допир со вашата внатрешна сила. Можеме да го постигнеме ова или преку дишењето, преку очите, преку ушите или преку умот.

    1. Затворете ги очите и фокусирајте се на вашето дишење или на вашите мисли , како позитивните елементи што даваат енергија да навлегуваат во вашето тело, па отфрлените елементи и мрзеливоста се исфрлаат, а виталноста и енергијата се населуваат.

    2. Фокусирајте се на еден неподвижен предмет без да ви бегаат мислите. Не размислувајте за ништо, умот нека ви биде во сегашниот момент и фокусирајте се единствено на предметот.

    3. Затворете ги очите и слушнете ги сите звуци околу вас. Пробајте да препознаете колку што можете повеќе звуци. Потоа пробајте да го слушнете зуењето на вашата глава, кој ве одделува од блиските и подалечните звуци околу вас. Ако умот ви лута вратете го кај звуците.

    4. Задржете го умот во внатрешноста сила преку мантра. Повторувајте еден збор или една реченица во вашиот ум (не маханички туку свесно). Можете да се повикате на било кој термин за Господ, или на неговата слава како намалуваж на стресот, лошотијата и страдањето, или на неговата карактеристика како дарител на среќа и радост. (Да се биде во сегашниот момент со помош на дишењето, или очите или ушите, или умот не носи поблиску со животната сила/боженственоста и е релаксирачки).