Ова е новата љубов на Моника Белучи?
30.08.2013 07:36
| KumanovoNews
Италијанската филмска дива, која неодамна го објави крајот на нејзиниот 14 годишен брак, сега е мета на нови озборувања и шпекулации за можна љубовна врска.

Наводно, таа го запознала 50 годишниот Телман Исламоб, претседател на фудбалски клуб и прочуен милијардер, уште во 2009 година кога отпатувала во Турција по повод отворање на нов луксузен хотел кој тој го поседувал.
Aзербејџанскиот милијардер е познат по тоа што е голем љубовник и што на Џенифер Лопез во 2006 година и плати половина милион евра само за да му пее на приватната роденденска прослава.