Мени

Ова ли е следната сопруга на Том Круз

19.07.2012 07:59 | KumanovoNews

Разводот на пет годишниот брак е завршен во рекорден рок, а изгледа на Том Круз веќе му одбрале нова совршена жена.

Ова ли е следната сопруга на Том Круз

Според најновите гласини од Холивуд, Том Круз би можел и по четврти пат да застане на олтарот.

Членовите на сциентолошката црква го советувале познатиот глумец дека латино-американската актерка Јоланда Пекораро може да биде совршена жена за него која би можела да го носи неговото презиме.

Родителите на Јоланда се исто така сциентолози, а и таа е посветена на црквата. Со Том се запознале во далечната 2004 на собир на црквата во Шпанија. Наводно уште тогаш 50 годишниот актер и фрлил око.