Оваа песна ги руши сите рекорди
25.08.2013 12:17
| KumanovoNews
Хитот „Get Lucky“ на францускиот тандем „Daft Punk“, постави нов рекорд на Spotify, популарниот срвис за слушање музика.

Оваа нумера има повеќе од 100 милиони прегледи, а држи рекорд по бројот на слушања во еден ден.
„Get Lucky“ брзо „влегува во ушите“ на слушателите ширум светот, па така на подрачјето на Англија е продадена во милион примероци, за само 69 дена.
Имено, на споменатиот сингл „Daft Punk“ се нашле и диско легендата Нил Роџерс и Фарел Вилијамс.