×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Овие реченици ги уништуваат браковите и семејствата: размислете пред да ги употребите

    12.09.2020 10:20 | KumanovoNews

     Распадот на бракови, како и врски, во последната деценија, значително расте. Причините се многу, од емоционални, длабоко психолошки, па се` до економски. Но, едно нешто кое сите го паметат по кавгата, завршениот брак или врска, а го занемаруваат е кажаниот збор.

    Овие реченици ги уништуваат браковите и семејствата: размислете пред да ги употребите

    Психологот Лана Јеркандер, ја потенцира важноста на зборовите кои честопати можат да доведат до посериозни проблеми во врската или бракот. Во прилогот се дадени неколку фрази кои придонесуваат за распадот на една врска:

    1. Наметнување на грижа на совест: „Повторно не ги избриша нозете во купатилото“, „Пак, заборави да купиш леб“, „Повторно си ги оставил чевлите надвор“ итн.

    2. Зборови кои кај партнерот предизвикуваат да се чувствува посрамено: „Како можеше да го направиш тоа пред другите“, „Не знам како можеше да го направиш тоа, јас такво нешто никогаш не би направил/а“ итн.

    3. Зборови со кои го вметнувате семејството во вашите кавги: „Ист/а си како твојата мајка/татко“, „Крушата под круша паѓа, што можев јас да очекувам од тебе“

    4. Зборови со кои му го навредувате достоинството на партнерот: „Јас се оженив со селанка“, „Земав премногу дебел/а маж/жена“...

    5. Зборови со кои му ја намалувате вредноста на партнерот: „Не знам како си го дозволив ова, јас можев многу подобро“

    6. Фрази со кои се намалува вредноста на другиот: „Јас ќе се снајдам и без тебе, ти само мисли дека си ми неопходен/неопходна“.

    Со овие фрази, како што вели психологот, вие не правите ништо конструктивно, туку истите зборови се сведуваат само на ваше постојано обвинување на партнерот за една иста работа.