×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Памела го напушта Холивуд, се сели во Канада

    06.06.2012 08:41 | KumanovoNews

     Бившата Плејбој зајачица Памела Андерсон не можела повеќе да издржи да живее во светот на славните.

    Памела го напушта Холивуд, се сели во Канада

    Во Холивуд почнала да се чувствува како кукла, која треба постојано да биде средена, а исто така, и пречеле и папараците кои и го следеле секој чекор. Почнала да и недостига нејзината приватност, па токму затоа одлучила да се врати во родната земја.

    "Веќе не можам да живеам тука, ми треба приватност. Се чувствувам како кукла, која секој ден мора да биде нашминкана, да има фризура и да е дотерана. Ми пукна филмот и не сакам повеќе да внимавам на тоа како изгледам, што ќе облечам.Папараците ме следат насекаде, пред домот 24 часа имам некој фотограф. Сето ова е голем притисок, извесно време размислував како да се спасам и што да сторам. Но овде нема да најдам мир. Затоа донесов голема одлука, решив да им се вратам на корените. Од Канада во Холивуд се преселив во осумдесеттите години, со надеж дека овде ќе успеам во кариерата, а сега се враќам назад за да си го пронајдам мирот", рекла Андерсон.