×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет години од смртта на Тоше

    16.10.2012 13:59 | KumanovoNews

    Со музички и спортски настани дeнеска ќе бидат одбележани пет години од смртта на македонска поп-ѕвезда Тоше Проески.

    Пет години од смртта на Тоше

    На Националната арена „Филип Втори“ од 19 часот на видеобим ќе бидат пуштани хитовите на Тоше. Музичкиот настан е поврзан со фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на Македонија и Србија што ќе почне во 20.30 и ќе продолжи на полувремето од дуелот. Ќе учествуваат Ламбе Алабаковски и Наум Петрески. За музичкиот дел е задолжен  Ранко Петровиќ - Бубамара, а настанот го организира Фудбалската федерација на Македонија.

    Неговите фанови ќе го посетат Крушево, неговото вечно почивалиште и Спомен-домот кој за една и пол година од отворањето го посетиле 180.000 луѓе. Пополнети се 80-ина книги со впечатоци од посетителите и тие наскоро ќе бидат публикувани. Во мај годинава беше промовирана и монографија за Спомен-куќата на Тоше.