×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет интересни факти за островската држава Исланд

    16.07.2020 11:24 | KumanovoNews

    1. Повеќе од 60 отсто од популацијата живее во главниот град Рејкјавик

    Пет интересни факти за островската држава Исланд

    Иако е многу мал, Рејкјавик е најсеверниот главен град во светот – дом на повеќе од половина од населението на Исланд. Разнобојниот и интересен град има многу ресторани, кафулиња, барови и музеи. Исто така, градот е лесен за истражување со пешачење, поради рамната географска местоположба.

    2. Исланд е последното населено место на светот

    Исланд е познат како најмладо место на светот кое е населено од луѓе. Изненадувачки е, затоа што пред повеќе од 1,100 години, Викинзите од Норвешка го откриле Исланд  по грешка.  

    3. Во Исланд, работните недели се најдолги

    Една од најинтересните работи за оваа земја, е тоа што во просек се работи дури по 45 часа неделно – најдолго од сите држави во Европа.

    4. Пивото било забрането се до 1989 година

    По изгласување на референдум во 1989, пивото било пивото повторно пуштено во употреба.  Забраната започнала во 1915 година. Сега, на секој 1 март, државата го слави денот на пивото поради 74 годишната забрана.

    5. Секој десеттити човек издава книга

    Традицијата за читање на книги во Исланд датира од 13-от век, па поради фактот дека секој десеттити жител издава книга, Исланд се смета за литературно-фокусирана земја. Можете озбилно да го земете во предвид користењето на нивната литература, затоа што има познати писатели кои се исто така наградени со Нобелова награда за литература.

    (Д.Д.)