×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет правила за ноќна нега на лицето по 40-тите години

    18.10.2019 06:19 | KumanovoNews

    Правилното чистење на лицето е еден од најважните фактори за одржување на негата и младиот изглед на лицето. Се препорачува тоа да ви прејде во навика двапати во текот на денот: наутро и навечер пред спиење.

    Пет правила за ноќна нега на лицето по 40-тите години

    За правилно чистење на лицето се препорачуваат пет работи кои треба секојдневно да се прават, а доколку ви прејдат во навика тоа нема да ви претставува напор:

    1. Правилно исчистете го лицето

    Доколку лицето не се исчисти правилно голема е веројатноста дека микробите и нечистотиите ќе останат впиени во порите на кожата. Најпрво, со силиконска четка или пак памучен тампон отстранете ја шминката на лицето, но без да ја триете кожата.

    2. Изберете смирувачка маска за лице

    Не користете продукти кои ви ја сушат или иритираат кожата. Користете козметика која кожата ви ја први мека и нежна. Затоа побарајте маска за заштитување на лицето со природни состојки кои длабински навлегуваат во порите на кожата и и' даваат смирувачки ефект.

    3. Нанесете крем против стареење на лицето

    Откако темелно ќе го исчистите лицето, нанесете крем против стареење кој длабоки навлегува во шуплините на лицето и ја подмладува кожата.

    4. Ставете дебел слој на хидрантен крем и на лицето и на пределот кај вратот

    Најчесто за хидрантен крем се препорачуваат кремовите со витамин А и Ц кои и' даваат на кожата поголем сјај и ја заштитуваат од штетните бактерии.

    5. Крем околу пределот на очите

    Ова е многу важно, затоа што користењето на овој тип на крем придонесува за намалување на брчките во пределот на очите. Голем дел од овие кремови содржат кофеин кој помага да се намали подуеноста во тој дел, а присуството на никотинамид ја заштитува кожата од сушење и појава на брчки.

    Секојдневната грижа за лицето не само што го подобрува изгледот, туку и ја зголемува самодовербата која кај жените се губи по 40-тите години, а воедно и ги прави одговорни за сопственото тело.