×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет здравствени бенефити од јаболковиот оцет

    08.09.2021 05:45 | Сара Ѓорѓиоска

    Не е тајна дека јаболковиот оцет стана моќно оружје во кујните на ентузијастите за здрав живот. Со претпоставки кои варираат од намалување на ризикот за дијабетис до намалување на обемот на абдоменот, се верува дека јаболковиот оцет може да го олесни вашиот живот на многу начини. Седум експерти и десетици научни истражувања дојдоа до заклучоци за моќта на
    јаболковиот оцет, кои ќе ве изненадат.

    Пет здравствени бенефити од јаболковиот оцет

    1. Го намалува нивото на шеќер во крвта

    Нутриционистот Керол Џонстон, уште од 2004 година го проучува составот на јаболковиот оцет и како посебните хемиски елементи влијаат врз нивоата на шеќер во крвта кај дијабетичарите. Истражувањата покажуваат дека ниту јаболковиот оцет, ниту другите видови оцет, не можат да го спречат или излечат дијабетисот, главно поради тоа што овој тип здравствен проблем зависи многу од генетиката. Но, истражувањата сугерираат дека јаболковиот оцет може да се користи како алатка за намалување на нивото на шеќер во крвта. Начинот на кој што јаболковиот оцет може да има благотворни дејства врз нивоата на глукоза е преку пиење чаша вода во која се растворени две лажички јаболков оцет два пати на ден. Она што треба да се напомене е дека овој метод функционира само доколку глукозата доаѓа од скроб. Кога испитаниците јаделе храна која содржи скроб и во меѓувреме пиеле јаболков оцет, нивото на шеќер се намалувало значително, но кога испитаниците би испиле вода со шеќер, пиењето на јаболков оцет не правело никаква промена.

    2. Може да помогне со намалувањето на телесната тежина

    Друг популарен начин за употребување на јаболковиот оцет е неговото користење за намалување на килограмите. Најцитираната студија изведена со 175 здрави испитаници од Јапонија, со зголемена телесна тежина го постулира фактот дека третман со јаболков оцет во времетраење од 12 недели помогнал во намалувањето на телесната тежина, намалувањето на обемот на абдоменот и нивото на триглицериди во крвта. Иако бројките не се вртоглаво високи, во комбинација со здрава исхрана и редовен фитнес план, јаболковиот оцет ветува трајни резултати, вели д-р Драер, истражувач во гореспоменатата студија, додавајќи дека одличен начин на конзумирање на јаболковиот оцет е додавајќи го во салати во сооднос од 4:1, како и во месо и риба. Она што треба да го имате предвид е дека јаболковиот оцет нема да влијае добро на здравјето на вашите заби, па обидете се да го конзумирате во релативно разредена форма.

    3. Одличен за конзервирање храна

    Во минатото оцетот бил редовно користен за конзервирање на ситна храна како краставичките, а во денешно време оцетот станува популарен како природен конзерванс за обработеното месо. Домашното конзервирање обично се прави користејќи 5% дестилиран бел оцет, бидејќи овој вид оцет не влијае на бојата на конзервираното, но јаболковиот оцет стекнува популарност поради неговиот попријатен, овошен вкус. Едиствената негативна страна на конзервирањето со јаболков оцет е тоа што бојата на вашиот зеленчук или овошје ќе стане неколку нијанси потемна. Луѓето, исто така, го користат јаболковиот оцет за да ја измијат површината на зеленчукот и овошјето купени од продавница.

    4. Помага при убоди од комарци или други инсекти

    Јаболковиот оцет навистина ќе ја олесни сензацијата на чешање предизвикана од убод од комарец или сличен инсект. Дерматологот Мари Џин, претставник на Американсата Академија за дерматологија вели дека јаболковиот оцет е потценет
    противник на убодите, печењето и чешањето, како и мозолчињата. Две чаши јаболков оцет во када полна со вода е се` што е потребно за големиот број убоди да стивнат и чешањето да се ублажи. Луѓето исто така го користат јаболковиот оцет за третирање на акни, иритации на кожата, како и перутот. Д-р Џин вели дека јаболковиот оцет може да ги исуши акните, но е лош метод за успорување на процесот на стареење и затоа не би го препорачала.

    5. Чистење на домот

    Една од најбезбедните методи на користење на бенефитите од јаболковиот оцет е неговата употреба во неделната куќна генералка. Јаболковиот оцет содржи антибактериски, антивирусни и антифунгални својства и поради ова често се препорачува како средство за чистење на домот. Киселината има одличен ефект во борбата со мувлата, иако според Институтот за истражување на пестициди, сличен ефект имаат и солта, лимоновиот сок и сода бикарбона.

    Јаболковиот оцет е биоразградлив и поради неговата ниска pH-вредност, делува продуктивно против алкални нечистотии, но нема да биде многу ефикасен во чистењето на мрснотии. И покрај многуте бенефити, не се потпирајте само јаболковиот оцет за целосна дезинфекција на домот.