×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петто издание на рок фестивалот „Џои Фест“

    09.08.2016 10:56 | KumanovoNews

    Српскиот рок бенд „Ван Гог“ се главните гости на петтото, јубилејно издание на фестивалот „Џои фест“, што ќе се одржи на 20 овој месец на градскиот плоштад во Крива Паланка.

    Петто издание на рок фестивалот „Џои Фест“

    Од општината во Крива Паланка, која е организатор на настапон велат дека оваа година се очекува наголема посетенсот, односно дека бројката од 10.000 публика ќе се надмине.

    Настанот ќе почне во 19 часот и ќе трае до рани зори. Ова е петти по ред фестивал, кој во овој дел од годината ѓи собира рокерите на едно место. Предвидена е голема бина, за над над 10.000 публика, а очекуваме гости не само од другите градови во државава туку и од сосесна Бугарија и Србија. Искрено очекуваме петто јубилејно издание да го надмине рекордот на посетеност од претходните години, велат организаторите.  

    На „Џои фест“ годинава ќе настапат „Ареа“, Гоце Саф и бендовите  „РГБ“, „Стоп“, „Машина“ и други.  Настапот на „Ван Гог“ се очекува околу 21.30 часот. Веќе е пристигната рајдер листата за тоа што познатите рокери бараат од организаторот.

    Немаме никакви потешкотии околу обезбедувањето на условите за престој на членовите на групата "Ван Гог". Тие се многу пријатни и не се однесуваат како ѕввезди. Од вообичаените услови за сместување, како што им доликува, до листата на пијалоци за време на настапот и зад сцената, како што негазирана вода, сокови и храна во ресторан. Специјално е наведено дека тие не се љубители на брзата храна, велат од организацијата.