Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Група египедски архиолози тврдат дека високите и прецизните пирамиди од градот Гизи не биле изградени од робови туку од слободни работници кои вешто ја завршиле својата работа, која претставува енигма со векови.
За оваа тврдење сведочат новооткриените гробови покрај пирамидата пренесува британскиот, Телеграф.
Главниот египетски архиолог Заки Хавас посочува дека пронајдените гробови се во непосредна близина на гробовите на фараоните, и со тоа се појаснува дека тие воопшто не би можеле да бидат робови, и не би смееле да градат толку блиску.
Археологот го потврдува истражувањето со пронајдени графити на кои работниците се нарекувале пријатели на фараонот Куфуа со што повторно се докажува тезате дека пирамидите не се изградени од робовите. Некои од гробовите се пронајдени во 1990 година и биле изработени од 10.000 работници за фараоните Кеопс и Кефрна. Тие претставуваат најзначајно откритие за 20 и 21 век.