Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
САФ, Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив ќе настапат на десеттиот роденден на Пиволенд, кој традционално ќе се одржи на Скопското кале, од 7. до 12. август.
Интересен настап ќе понудат и девојките од Tribute to Beyonce, а за љубителите на фудбалот на 7 и 8 август подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера, како и пренос на фудбалскиот натпревар од Реал Мадрид- Манчестер.
Фестивалот е под покровителство на градот Скопје.
Почнувајќи од 2008 година досега, на фестивалот настапиле големи имиња од светот на музиката кои оставија свој белег на Пиволенд- Stereo MC's, Суперхикс, Есма, Психомодо Поп, Дубиоза Колектив, Kosheen, Забрањено пушење, Рамбо Амадеус, Ортодокс Селтс, Синтезис, Кирил Џајковски, Гоце Арнаудов, Ритам Нереда, Ареа, Фолтин, Филм, Мањифико и уште многу други.