Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ следниот месец ќе ја издаде својата прва книга „Со сервис до победа“.
Книгата ќе претставува своевиден водич како преку правилниот начин на исхрана да се стигне до значајни спортски резултати.
Српскиот тенисер на крајот од 2010 година од неговата исхрана ги исфрли житните производи кои содржат глутен и оттогаш во неколку наврати изјави дека се чувствува поздраво и полесно. Таквиот потег според Ѓоковиќ бил пресуден за големата разлика во резултатите во неговата кариера до тој момент и потоа, а како што наведува, тоа му помогнало да освои до пет од шесте Грен Слем титули.
Книгата на Ѓоковиќ ќе ја објави издавачката куќа „Балантајн Бантам Дел“ од САД, пред почетокот на УС Опен. Пред еден месец и половина и капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров ја објави својата прва книга со наслов „Седум“.