Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 7 март таа стапна на сцена и и се претстави за прв пат на македонската јавност.
А сега, на денот по тој значаен датум, го подарува видеото за песната „Можеби“ која таа ја отпеа на возобновениот Скопски фестивал минатата година, а за потребите на видеото е направен нов аранжман на истата.
Поп пејачката видеото го сподели на својот профил на Фејсбук и го напиша следното:
„На денот кој измина (7ми март), за првпат стапнав на естрадната сцена. И тоа трае до денес. Полни петнаесет години. А со денот кој доаѓа (8ми Март) уште еднаш се потсетувам зошто е прекрасно да си жена. Драги мои пријатели, фанови, а особено дами, со особено задоволство ви го претставувам мојот нов спот за песната „Можеби“ која отвора ново поглавје во мојата кариера. Се надевам дека во изминатите 15 години не ве разочарав, а ќе се обидам така да биде и понатаму. Ве оставам да го проследите видеото и да уживате во песната која од срце ја компонирав. Ви благодарам на сите“, истакна Андријана.
Видеото го изработи БМА продукција, се снимаше во Македонската опера и балет а можете да го погледнете овде: