Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
22-годишната Стујарт во филмот чиј режисер е Руперт Сандерс, човекот со кого го изневери своето момче Роберт Патинсон, ја глуми хероината од бајките, па затоа би било прилично тешко да се замисли да не глуми во продолжението.
Сепак, шефовите во Universal одлучиле дека во продолжението од филмот приказната ќе биде фокусирана на ловецот кој го глуми Крис Хемсворт.
Филмското студио за сега ги истражува сите опции за да се продолжи со франшизата, затоа не можеме да коментираме за настанатата ситуација- кратко изјавиле од Universal.
Иако Стујарт за сега не е дел од продолжението, не е познато што се случува со режисерот Руперт Сандерс, иако се шушка дека сопругата му забранила да работи со Кристен Стујарт. Како ќе се развива оваа филмска драма, останува да видиме.