×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По трет пат ќе се снима песна за Евровизија

    16.03.2013 11:01 | KumanovoNews

    Македонија по трет пат ќе се обиде да дојде до песна со која ќе се претстави на Евросонг 2013 во Шведска.

    По трет пат ќе се снима песна за Евровизија

    Се чини дека никако нема да заврши драмата "Македонија на Евровизија 2013 година".

    Откако македонската јавност јасно кажа дека не и се допаѓа "Империја", МРТВ го искористи правото и комплетно ја повлече.

    Но, Есма пред медиумите изјави дека повеќе драга и е "Империја" која ја напиша нејзиниот син Симеон Атанасов.

    Малку сум разочарана од сето ова што се случува со нашето евровизиско претставување. Досега во мојата 55 годишна кариера не сум доживеала некој да ми ја врати песната, како што беше случајот со Империја, која рака на срце мене повеќе ми се допаѓање-изјави Есма.

    Спротивно на неа, Лозано изјави дека повеќе му се допаѓа новата песна.

    По првата “Империја” и вчерашната “Пред да се раздени”, дознава Кирилица, Есма и Влатко Лозановски ќе добијат и трета песна која ќе ја прави Јован Јованов.