Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Финалето на 58. избор за песна на Евровизија, и покрај изменетиот систем на гласање, кој најмногу ги чинеше земјите од просторите на бивша Југославија, помина без изненадувања. Победник е Емели од Данска.
Возбудувањето сепак траеше до самиот крај, што е, како што велат, цел на сите натпревари. Навистина, пред самиот крај на гласањето се случи нешто што збуни многумина гледачи. Шведскиот јавен сервис СВТ, кој го организираше и го осмисли концептот на годинешната Евровизија, реши да го прогласи победникот пред своите гласови да ги дадат трите последни земји, зашто победата на Данска беше наводно веќе извесна. За некои можеби тоа е логично, за некои премногу ингнорантски кон гледачите на земјите чии гласови практично сеокарактеризирани како неважни.
Да се вратиме на победничката композиција „Само солзи“ на Емели де Форест (на насловната фотографија). На Европејците синоќа очигледно освен данската, им се допаднаа и песните од Азербејџан и Украина. Седум дванаесетки, меѓу кои и оние од Македонија, Србија и Словенија, навестија дека изборот од страна на милиони гледачи од Европа и стручното жири е кристално јасен.
Емели победи со 281 освоен бод, зад петици цело време и‘ беа Фарид од Азербејџан (234) и Злата од Украина (214).
За Данците ова е трета евровизиска победа. Првата им ја донесоа Грете и Јорген во 1963 година, втората Олсен Брадерс во 2000.
Германија по неколку успешни години на натпреварите, повторно се најде на дното, на 21. место. Ирците последниНајлошо сепак поминаа Ирците, чии претставник Рајан Долан се најде на 26. место. Откако беше познат победникот, беше објавен и резултатот на гласањето за првата и втората полуфинална вечер, кога отпаднаа практично земјите од Западен Балкан.Променето бодувањеВо потрага по објаснување, како можеше да се случи на земјите од бивша Југославија да им избега влезот во финалето, убедливо најголема тежина има тоа што овојпат имаше поинаков систем на пресметување на евровизиските поени. Наместо класично доделување бодови од 1 до 12, Европската радиодифузна унија ЕБУ се согласи на експериментот, кој го заговараше СВТ. Суштински, промената се огледа во тоа што сите земји учесници или подобро речено композициите, било да станува збор за полуфиналните вечери или финалето, мораа да бидат рангирани. Системот на гласање е дотолку поправеден што ниедна песна речиси не може да остане „неприметена и ненаградена“ со ниеден поен.Иако промената на гласањето во медиумите помина прилично незабележана, со проста пресметка може да се дојде до заклучок дека „линеарниот принцип“ најмногу се одразува на пласманот на земјите во самата средина.