Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Меѓународниот филмски фестива "Џифони" во организација на МКЦ започнува денеска и трае до 22 октомври овој месец.
Повеќе од 400 деца ќе бидат дел од меѓународниот фестивал, кој има за цел да ја доближи филмската уметност до помладата генерација.
Освен проекции на филмови кои се наменети за возраста на учесниците, тие ќе можат и да дебатираат за филмовите како и да гласаат за најдобриот, ќе се одржат и голем број на креативни работилници за помладите со цел развој на детската свет и нивната имагинација.
Покрај младите од Македонија, учество ќе земат и дечиња од Албанија, Романија, Србија, Грција и Италија.
На фестивалската програма ќе се најдат најдобрите кратки играни филмови од нашите автори, подржани од Филмскиот фонд на Македонија, а како покровител на работилницата за изработување на видео игри, фотографии и снимање на краток филм е едукативниот и развоен центар Seavus.