Мени

Почина боксерската ѕвезда од Роки 5

03.09.2013 07:56 | KumanovoNews

Томи Морисон, кој глумеше во петтото продолжение од серијалот за Роки, почина во неделата, во Омаха.

Почина боксерската ѕвезда од Роки 5

Тони Холден, неговиот поранешен промотор кој за смртта на боксерот ги извести медиумите, не сакаше да ги коментира причините за смртта. Морисон, кој глумеше во филмот Роки 5 почина во неделата, во болница во Омаха.

Титулата светски првак во тешка категорија ја освои во 1993 година, поразувајќи го Џорџ Форман. Боксерот во 1996 година објави дека е ХИВ позитивен, но во наредните години тврдеше дека резултатите од тестот биле лажно позитивни.