Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Италијанскиот актер Карло Педерсоли, познат под уметничкото име Бaд Спенсер, починал на 86 годишна возраст, пренесуваат италијанските медиуми соопштение од семејството на актерот.
Тато почина денес во 18.15 во потполн мир, а целото семејство беше покрај него. Неговите последни зборови беа „Ви благодарам“ - изјавил неговиот син Џозеф Педерсоли.
Инаку, Бaд Спенсер е роден на 31. октомври 1929 година во Неапол, а првиот голем успех го стекнал во филмот “They Call Me Trinity". Во текот на неговата кариера долга неколку децении, Спенсер играл во повеќе од 70 филмови.