Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хелен Гурли Браун го водеше „Космополитан“ 32 години, а во нејзино време списанието стана водечки женски магазин.
Таа ги воведе термините „Космо девојка“, хип, секси, весела и шармантна, и можеби највлијателниот „маусбургер“, термин со кој се опиша себеси и другите како неа, обични жени кои мора да работат немилосрдно за да бидат посакувани и успешни.
На чело на „Космополитан“ дојде во 1962 година, кога магазинот имал 800.000 читатели тираж и цена од 50 центи. Врвот „Космо“ го достигна во 1983 со 3 милиони тираж, а потоа се стабилизира на 2,5 милиони по цена од 2,95 долари. Си оди како главна уредничка во 1997 година.
Целта ми е да му кажам на читателот како да добие се од животот, пари, успех, мажи, престиж, авторитет, достоинство, се што бара - велеше на времето Браун.