Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Игор Рамовиќ (39), сопруг на српската фолк-пејачка Гога Секулиќ, почина синоќа по кратко и тешко боледување, јавуваат српските медиуми.
На Рамовиќ пред 4 недели му се слошило, по што дознал дека боледува од рак на панкреас. Лекувањето го започнал веднаш, но поради тоа што болеста била во напредна фаза не можел да се оперира. И покрај терапиите во болница во Германија, Рамовиќ, сепак, и подлегнал на тешката болест. Гога со него ги поминала последните часови од животот.
Двојката се венчаше пред два месеци во хотелот „Хајат“ во Белград.
Игор Рамовиќ имал 39 години и две децении живеел во Лондон, каде поседувал повеќе клубови.
(фото Блиц)