×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнува 16-от Скопски Филмски Фестивал

    19.04.2013 08:20 | KumanovoNews

    Со српскиот филм „Кругови" на режисерот Срѓан Голубовиќ во петок во кино „Милениум" ќе биде отворен 16. Скопски филмски фестивал.

    Почнува 16-от Скопски Филмски Фестивал

    Филмот е комплексна приказна во која се истражува моралното двојство, обработува повеќеслојна, но едноставна структура што ја промислува одмаздата, откупот и помирувањето.

     Инспириран е од вистински трагичен настан - Србинот Срѓан Алексиќ бил убиен од своите сонародници во обид да спаси еден муслиман. Замислен како концентрични кругови, овој филм ја раскажува својата приказна по 12 години од настанот, посветувајќи се на прашањето што се случува кога ќе се направи едно големо и храбро дело.

    Филмот предизвика интересирање на фестивалот „Санденс" и во Берлин, а во Србија имаше иницијативи за именување улица по младиот Срѓан Алексиќ од Требиње.

    „Кругови" е трет филм на Голубовиќ (по „Апсолутни 100" од 2001 и „Стапица" од 2007) и светската премиера ја имаше годинава на „Санденс", каде ја доби специјалната награда на жирито.

    Филмот беше награден и на Берлинале и доби награда од публиката на Софискиот интернационален филмски фестивал. Режисерот Голубовиќ ќе присуствува на проекцијата во „Милениум".

     Годинашниот СФФ ќе се одржува до 27 април со редуцирана програма поради скратен буџет. Организаторот откажал две поголеми програми - ретроспектива на Акира Куросава и панорама на светски авторски филм.

    Во главната програма се најнови филмски остварувања, повеќето наградени или номинирани на познатите фестивали. Меѓу нив се најновиот филм на Педро Алмодовар „Многу сум возбуден", „Насилство 2" на Такеши Китано, „Капитал" на Коста Гаврас, „Лов" на Томас Винтерберг, „Кралска афера" на Николај Арсел, кој беше номиниран за „Оскар", биографскиот филм „Хана Арент" на Маргарет фон Трота, .„Кралството на Месечината" на Вес Андерсон, со кој минатата година беше отворен Канскиот филмски фестивал.

    На 27 април СФФ ќе заврши со рускиот филм „Предавство" на Кирил Сребреников, во кој игра актерот Дејан Лилиќ, премиерно прикажан лани на фестивалот во Венеција.

    Ќе бидат прикажани и дебитантски филмски дела, документарни и кратки филмови. Проекциите ќе бидат во кино „Милениум" и во кината во „Рамстор".