Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Помладиот брат на Парис Хилтон, Конрад завршил зад решетки во Лос Анџелес откако бил позитивен на марихуана при тест за дрога со што го прекршил усовното.
Конрад кој има само 18 години може да добие затворска казна поради користење на опојни дроги. Бил приведен во вчера вечер, а ќе биде во притвор се додека не излезе пред суд, а тоа може да се случи дури во понеделник. Семејниот адвокат веќе работи на негово вадење од притвор, а портпаролот на семејството Хилтон не сака да го коментира случајот.
Слични проблеми имаше и неговата сестра Парис која се судираше со законот поради дрога. Сепак во последно време, Парис се помалки ги полни насловните страни на светските магазини со своите скандали.