Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдолгото помрачување на меселината во 21. век ќе се случи денеска околу 20 часот и ќе трае 2 часа. Освен потполно помрачување, оваа ноќ планетата Марс и Земјата ќе бидат многу блиску и условите за посматрање на овој природен феномен ќе бидат совршени.
Астрономските случувања ќе влијаат и на расположението на луѓето, што потврдиле и од американската свемирска агенција НАСА.
Освен што е ова најдолго помрачување во овој век, се очекува интензивно да влијае и на промените на расположението, комуникацијата и емоцијата на луѓето.
Како што потврдува НАСА, не постојат докази дека помрачувањето на месечината има физичко влијане врз луѓето, но може да има длабок психолошки ефект.
Ваквото помрачување е под големо влијание од планетата марс, поради што може посебно да влијае на емотивната состојба и приватниот живот на пошироката маса на луѓе. Астролозите спомнуваат и дека влијанието на Марс кај луѓето може да пројави лутина и фрустрација. Благото влијание на Сатурн сепак ќе помогне да се смират интензивните емоции.
Хороскопските знаци на кои ова помрачување ќе влијае се: водолија, јарец и лав.
Водолијата ќе се чувствува прилично напнато. Медитацијата ќе им помогне да ги смират емоциите.
И јарецот и водолијта ќе се одлучат за промени, но сепак човекот понекогаш едноставно мора да се препушти и да профати дека не може секогаш над сите да се има контрола.
Дозволете си сами на себе да имате поверение во нештото и на тој начин ќе ја доживеете свеста.
Лавовите пак во оваа помрачување ќе чувствуваат мала потешкотија и лошо чувство но и позитивна енергија. Припадниците на овој ватрен знак ќе бидат онакви какви навистина и се- величенствени, ќе се однесуваат бељаџиски, и тоа ќе им биде знак дека треба да се повлечат.
Сите хороскопски знаци може да очекуваат и неочекувано. Чувствата кај многуте ќе бидат по интензивни од обично, кај некои од нив ќе има и чувство на самоувереност и сексипил, додека другите ќе се мачат со несигурност.
Одредени луѓе ќе бидат и креативни како никогаш досега, ќе имаат поинтересни идеи и помалку ќе обрнуваат внимание на ситните детали.
Само треба да внимавате да не станете многу наметливи со сопствените размислувања и фокусираноста на себе.