Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Девојката на Стив Џобс од средношколските денови Крисен Бренан пишувува мемоари кои ќе бидат објавени следната година и кои ќе помогнат да се дознае повеќе за младоста на Џобс.
Крисен Бренан е и мајка на Лиза Џобс, Ќерка на Стив Џобс ко-основач на “Епл” кој отпрво одбиваше да ја признае. Книгата ја следи нивната врска и ветува интересни детали за Џобсовата “огромна привлечност, енергија и волја, како и за неговата се поголема амбиција и бескрупулозност во бизнисот и во приватниот живот”.
Се верува дека овие мемоари може доста да придонесат за подоброто разбирање на Џобс и на неговиот животен пат, бидејќи Бренан одиграла важна улога во неговиот живот, но во текот на годината од неговата смрт, таа воопшто не се огласуваше.