Поранешната прва дама на Франција се враќа на музичката сцена
12.05.2012 11:24
| KumanovoNews
Со оглед на фактот дека ја изгубила титулата “Прва дама на Франција”, Карла одлучи да се врати на својата голема љубов-музиката.

Карла Бруни се занимава со манекенство, свири на гитара, пее, а беше и првата дама на Франција. Николас Саркози изгуби на изборите, но Карла е решена да победи и тоа на музичката сцена!
Како што пренесуваат странските медиуми, таа сака да сними албум за кој однапред се надева дека ќе биде успешен. Нејзиниот портпарол ги потврди информациите дека Карла влегува во студио, но не сакаше да открива премногу детали.