Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Porsche соопшти дека нивниот претстоен СУВ нема да го задржи името Cayenne туку дека ќе го користат името Macan инспирирано од индонезискиот збор за тигар.
„Macan ги комбинира сите одлики на спортски автомобил, со предностите на СУВ, а во себе ги носи гените на вистинско Porsche. Името на секое ново Porsche мора да одговара со брендот, да звучи добро на повеќе јазици и да предизвикува позитивни реакции“ - вели Бернард Маер, еден од членовите на извршниот борд за продажба и маркетинг во Porsche.
Новиот модел ќе се прави на основа на Ауди Q5, па двата модела ќе имаат многу заеднички компоненти.