Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Финалистите во изборот за најубава македонка што ќе ја претставуваат земјата на изборот за "Мис глобус" викендов во Куманово и Струмица се претставија пред јавноста.
Манекенката Андреа Ковачевска во Струмица е прогласена за најубава, додека Ана Марија Таневска беше првата придружничка, а второ придружничка беше Ивана Ѓеоргиевска.
Во Касапски круг во Куманово манекенките имаа можност да се дружат и да се докажат пред кумановската публика.
Ангела Спасовска беше избрана за најубава,а Паола Анжиќ и Андреа Николовска беа прва и втора придружничка.
Турнејата за избор на најубава македонка продолжува и наредниор викенд а полуфиналната средба е закажана на 23 август во Дојран.
Минатата година на овој избор победи Симона Станковска, која сега е заштитно лице на естрадниот магазин „Бекстејџ“.