Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Анџелина Џоли е најплатената холивудска актерка.
На листата на „Форбс“ за најплатени холивудски актерки триумфирала откако заработила 33 милиони долари од јуни 2012 до јуни 2013 година, што е дури 13 милиони повеќе отколку во истиот период една година порано.
Според „Форбс“, актерката која на големото платно не се појавила од 2010 година, ќе има големо враќање идната година со филмот на компанијата „Дизни“, „Maleficent“ со кој ќе заработи 15 милиони долари.
Анџелина во изминатата година заработила седум милиони долари повеќе од второпласираната актерка Џенифер Лоренс. Кристен Стјуарт, која беше најплатена актерка минатата година, оваа година се наоѓа на третото место со заработени 22 милиони долари.
На четвртото место е пласирана Џенифер Анистон со 20 милиони долари, а на петтото место е Ема Стоун со 16 милиони. До десеттото место листата ја сочинуваат: Шарлиз Терон (15 милиони), Сандра Булок (14 милиони), Мила Кунис (11 милиони) и Џулија Робертс (11 милиони).