×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повторно најбогата двојка

    08.08.2012 09:28 | KumanovoNews

    Според магазинот "Forbes", пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи се најплатениот пар на светот. Во периодот од минатиот мај до мај 2012-та, брачниот пар заработил 78 милиони долари и со тоа ги остави зад себе бразилската манекенка Жизел Бундшен и нејзиниот сопруг Том Брејди.

    Повторно најбогата двојка

    Според "Forbes", пејачката остварила поголема заработка од својот сопруг. Од продажбата на последниот албум "4", успешниот пласман на нејзиниот каталог, како и од спонзорските договори, Бијонсе заработила неверојатни 40 милиони долари.

    По турнејата со Кање Вест и одличното работење на неговата музичка компанија, Џеј Зи значително допринесол за заедничкиот буџет.

    Имено, големите работни успеси популарниот пар ги оствари и покрај недостатокот на слободно време и раѓањето на ќерката Блу Ајви Картер, на која и се максимално посветени.

    На второ место на споменатата листа се минатогодишните победници, Жизел Бундшен и Том Брејди со заработка од 72 милиони долари.

    Нејзиното долгогодишно бавење со манекенството и неговиот четири годишен договор со кошаркарскиот тим "New England Patriots" им обезбедија висок пласман на листата и оваа година.

    Трето пласирани за оваа година се Викторија и Дејвид Бекам кои заработиле 54 милиони долари, додека на четврто место се Анџелина Џоли и Бред Пит чија годишна заработка изнесува 45 милиони.

    На петтото место, со приход од 40 милиони долари се наоѓаат Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.