Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамките на „Мауи филм студиската група“, кинотечната институција „Синематики Мауи“ на хавајскиот остров Мауи минатата недела го прикажа филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.
„Пред дождот“ беше дистрибуиран во американските киносали во 1995 и оттогаш се прикажува на американската телевизија, а ДВД дистрибуцијата во САД почна во 2009, кога престижниот „Критерион колекшн“ го издаде како дел од серијата филмски класици.
„Пред дождот“ на режисерот и сценарист Милчо Манчевски е најуспешен македонски филм – има освоено над триесет меѓународни награди, меѓу кои се и Златниот лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент спирит во САД, филм на годината во Аргентина, Шведска, Турција и Италија.
„Њујорк тајмс“ го вброи меѓу 1.000 најдобри филмови на сите времиња. Филмот беше дистрибуиран со голем успех на сите континенти, а веќе со години е дел од наставната програма на голем број универзити низ светот (како и во средните училишта во Италија), се прикажува во кинотечни циклуси и влезен е во бројни филмски енциклопедии.