×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на филмот „409“ на Дариjан Пеjовски

    17.04.2013 09:26 | KumanovoNews

    Премиерна проекција на краткометражниот филм „409“, по сценарио и режија на Даријан Пејовски, ќе се одржи денеска во 18 часот, во салата 8 во киното „Синеплекс“

    Премиера на филмот „409“ на Дариjан Пеjовски

    Филмот е приказна за човек што поседува сѐ што во општествена смисла значи „нормален“ или „успешен“. Но токму овие параметри го врамуваат и го потиснуваат во агол, каде што во недостиг од емотивна сатисфакција, се врти кон себеси.

    Главните улоги во филмот на Пејовски ги толкуваат Симеон Дамевски и Ирена Ристиќ. Продуценти се Горан Ацевски, Кристијан Ристески и Јовица Пановски. Кинематографер е Димо Попов, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, а музиката ја напиша Александар Пејовски. Монтажер е Горјан Гешоски, а костимограф Розе Трајческа-Ристевска. Филмот е во продукција на „Марни филмс“ и „Вертиго висуал“, со поддршка од Филмскиот фонд на Македонија.